Нашиот сајт користи колачиња со цел да ви обезбеди најдобро искуство за купување онлајн. Ние ја почитуваме вашата приватност, и со таа цел собираме само основни и анонимни информации за статистички анализи.

Можете да прочитате повеќе за тоа како користиме колачиња и како се користат вашите информации во нашата .

Бесплатна достава над 2000 ден
Производи

За почетоците

Мокудо е проект кој започнува после едно долгогодишно другарство. За Мокудо со сигурност би можеле да кажеме дека е резултат на желбата уште поквалитетно да го поминуваме нашето дружење. Водејќи се од преголемата пасија во организирање на работниот простор доаѓаме до идејата да создадеме производи кои ќе го овозможат тоа. Во Мокудо ги споивме нашите амбиции, искуства, знаења и познавања, вештини и таленти и одлучивме да понудиме висококвалитетни канцелариски аксесоари кои ќе ги чуваат Вашите гаџети организирани во Вашата работна просторија. Ние сме Стевче и Едмонд.

За производот

Во фокусот ни сѐ производи кои ќе бидат едноставни и функционални. Одлуката беше првата серија на производи да биде од дрво и метал. Кога сме кај дрвото го одбравме најдоброто, орев и цреша, додека металните производи се произведувани од ладно валан лим. Ги користиме најдобрите практики за финиш на секој производ. Електростатското фарбање на металните производи им дава совршен и мазен завршеток а притоа и заштита од оштетување при користење на истите. Кај дрвените производи имаме рачен финиш до перфектно мазни површини а за нивна заштита користиме високо квалитетни природни масла кои дополнително го оцртуваат секое парче дрво и придонесуваат за долгиот век на производот.

За обврската кон животната околина

Ние цврсто веруваме во потрагата по правење добро за нашата животна средина. Се водиме со намерата локално да ги купуваме сите суровини кои ни се потребни за процесот на производство. Пакувањето на производите се изработува од рециклирана хартија што придонесува за намалување на "carbon footprint". Наша цел за период од 1 година е воведување линија на производи кои ќе се изработуваат од рециклирана HDPE и PA пластика. Ќе бидиме активно вклучени во намерите да се крене општествената свест за животната средина кај населението и компаниите.

Останете поврзани

+38971375290[email protected]

Следете нѐ!

НАШАТА КОМПАНИЈА

За насПроизводиМоја сметкаМои порачкиУпатство за користење

Дали сте компанија?

Доколку сте компанија која сака да им понуди брендирани производи на своите соработници или вработени, ние сме тука да ви помогнеме! Нудиме бесплатно брендирање на сите наши производи. Контактирајте нѐ за повеќе информации.
Техон Ко ДОО |Приватност |Правни
powered by
la.mk logo
mastercard logo
visa logo