Нашиот сајт користи колачиња со цел да ви обезбеди најдобро искуство за купување онлајн. Ние ја почитуваме вашата приватност, и со таа цел собираме само основни и анонимни информации за статистички анализи.

Можете да прочитате повеќе за тоа како користиме колачиња и како се користат вашите информации во нашата .

Бесплатна достава над 2000 ден
Производи

Замена на производ

Потрошувачот има право во Mokudo да го замени или врати производот што има соодветен квалитет, а што не одговара во однос на формата, големината, моделот, бојата, бројот или од други причини, освен во случај на купен производ изготвен по нарачка од потрошувачот врз основа на писмен договор, што е во согласност со член 50 од Законот за заштита на потрошувачите.

Потрошувачот правото за замена односно враќање на производ може да го оствари во рок од 15 дена сметано од денот на подигање т.е. достава на производот.

За остварување на правото за замена односно враќање на производ согласно оваа Одлука важат следните законски услови:

  • производот не бил употребуван;
  • сочувани се: изгледот, употребните својства, пломбите и фабричките етикети на производот;
  • при поднесување на барање за замена, односно враќање на производ, со призводот задолжително се приложува фискалната сметка или сметкопотврдата и целокупната друга пропратна документација која на Потрошувачот му била издаденa заедно со производот.

По истекот на рокот од 15 дена од денот на подигање т.е. достава на производот, потрошувачот го губи правото на замена, односно враќање на производ по овој основ. Сите поднесени Барањата за замена, односно враќање на производ, сметано од 16-тиот ден од денот кога производот е примен од потрошувачот, ќе бидат негативно одговорени. Замената, односно враќањето на производот Потрошувачот може да го реализира во било кој продажен салон на Mokudo, независно од тоа каде е извршена купопродажбата.

Наведената Политика за замена, односно враќање на производ на барање на потрошувач се применува во сите Mokudo продажни салони од 2020 година. За сите производи купени до 2020 година важи и се применува правилото за замена односно враќање на производ на барање на потрошувач во рок од 15 дена сметано од денот кога производот е купен.

Останете поврзани

+38971375290[email protected]

Следете нѐ!

НАШАТА КОМПАНИЈА

За насПроизводиМоја сметкаМои порачкиУпатство за користење

Дали сте компанија?

Доколку сте компанија која сака да им понуди брендирани производи на своите соработници или вработени, ние сме тука да ви помогнеме! Нудиме бесплатно брендирање на сите наши производи. Контактирајте нѐ за повеќе информации.
Техон Ко ДОО |Приватност |Правни
powered by
la.mk logo
mastercard logo
visa logo