Држачот за слушалки е функционален дел за секое биро и наменет за секаков бренд и големина на слушалки. При изработката е користен високо-квалитетен челик, а особено внимание е насочено кон тоа да биде функционален и да не зафаќа голем дел од работното биро. Електростатски фарбан, со мазна пластифицирана текстурата која е отпорна на секакви надворешни влијанија. Самиот држач е надграден со отвор каде може да се прикачи кабелот за полнење на слушалки, додека вдлабнувањето на врвот од држачот служи за потпора на слушалките и овозможува стабилност на истите. Уникатниот, но сепак практичен, дизајн на овој држач го прави идеален за во секоја канцеларија, но и за домашна употреба или студио за музика.
За сите порачки под 2000 ден: 150 ден
За сите порачки над 2000 ден: Бесплатна достава