Се соочуваме со ситуации кога разните реквизити кои секојдневно ги користиме не знаеме каде да ги складираме и најчесто ги гиниме. Организерот Аки ни помага да ги избегнеме ваквите ситуации на еден модерен и елегантен начин. Во него може да ги ставиме нашите мали слушалки, клучеви од нашето возило или куќа, нашиот рачен часовник и многу други мали реквизити. Изработката од високо-квалитетни дрва и финиш на јапонски минимализам дава еден исклучително пријатен одсјај од вашето работно биро. Овој организер е дел од сетот и може да се комбинира со останантите производи од Аки серијата. Овој производ го изработуваме во две варијанти на дрво: орев и цреша. Во процесот на производство употребуваме високо-квалитетни и природни масла кои го штитат дрвото и му даваат посебен сјај.
За сите порачки под 2000 ден: 150 ден
За сите порачки над 2000 ден: Бесплатна достава